Категории

Зошто некои луѓе мразат прегратки и допири? Научниците имаат одговор

Нема ништо лошо во избегнувањето на прегратка и поради тоа не треба да се чувствувате лошо. Сепак, животот на луѓето кои ја избегнуваат може да биде прилично комплициран, сметаат американските научници.

Во најголемиот дел од случаите проблемот лежи во воспитувањето и несклоноста на возрасни луѓе кон прегратки потекнува од детството, тврдат експертите.

Студија спроведена во 2012. година упатува на тоа дека личноситте кои израснале покрај родители кои ги галеле и мазеле, ја продолжиле праксата, па поради тоа многу е поголема веројатноста дека истиот образец на однесување ќе го применат и кон своите деца. Резултатите укажуваат на тоа дека „прегратките се важен дел од емоционалното воспитување на детето“.

Прегледи:
442
Објавено на:
23.10.2018