Категории

Зошто некои мажи никогаш не можат да ја преболат бившата партнерка?

Психолозите дадоа одговор на ова често прашање кое ги мачи голем број од жените

Најновите истражувања покажаа дека тоа е сосема нормално машко однесување и дека постои причина поради која чувствата спрема поранешните девојки се враќаат.

Секако сето тоа зависи од начинот на кој тие се разделиле со таа личност. Некои имаат прилично лоши искуства кога се во прашање раскинувањата и не би помислиле нити да разговараат со своите бивши партнерки а најмалку повторно да завршат во кревет.
Меѓутоа, тоа не е секоја случај. Постојат и такви кои раскинале, но на некој начин останале во контакт или се гледаат преку заеднички пријатели. Кај таквите личности често повторно се јавуваат чувства и желба за дружење и секако интимни односи.

Зошто е случува таа носталгија по поранешните партнерки?
Сето тоа е поврзано со мозокот т.е. неурохемијата која се одигрува во него. Кога повторно ќе стапите во однос со поранешната партнерка се чувствувате како победник, како некој кој успеал да ја поправи грешката и да поврати нешто кое било изгубено.

Таквото размислување се случува несвесно во вашиот мозок и поради тоа ви се чини дека се чувствувате одлично. Секако, сексот со поранешната девојка ќе биде подобар од сексот со непозната девојка, затоа што веќе ја познавате и сте имале претходно искуство.

Тука исто така се појавува и желбата за докажување и за враќање на првобитното искуство, па двата партнери во овој случај се трудат да бидат што подобри и од другиот добиваат неверојатно задоволство кое ги прави среќни.

Научните истражувања  дури покажуваат и дека мажите кои доживеале оргазам со поранешната девојка паѓаат во состојба слична на транс и на тој начин доживуваат вистинска катарза и нирвана. Таквите сексуални сензации ги блокираат останатите чувства и размислувања и дозволуваат на организмот да се фокусира само на сексуалното уживање.
Многу често се случува паровите да се смират на ваков начин, затоа што преку овој начин проживуваат фантастична ноќ која ги тера да сакаат повеќе.