Категории

Зошто оваа зима Малта е совршената дестинација за вас?

Медитеранот е познат по совршената комбинација на сонце, море, риба, ореви и маслинки. Симбиоза која се смета за еликсир на младоста и одржување на физичкото здравје.

Малта е една од најдобро чуваните тајни на Европа, за која многумина се одлучуваат да ја посетат најчесто во текот на летните месец. Меѓутоа, она што е особено интересно за Малта е фактот што температурите тука се пријатни преку целата година, па и во есенските и зимските месеци.

Затоа, сите оние кои сакаат да „избегаат“ од студот кој следува во наредните месеци и да ја осетат топлината на Малта и убавините на Азурното сино море отсега имаат одлична шанса да го направат тоа во октомври, но и за Божиќ во зависност од можностите.

Тој период тука температурите се движат околу 20-от степен Целзиусов и ќе ви овозможат еден поинаков зимски одмор опкружени со речиси идилично тиркизно море.

Малта е одличен избор за вашето зимско патување поради многубројните предности и искуства кои ги нуди. Азурното сино море, златното крајбрежје, карпите со кои природата си поиграла низ годините кои со своите необични облици го одземаат здивот ќе ви овозможат незаборавно искуство. Архипелаг од три острови во срцето на Медитеранот, необичен спој на култури на бројните народи кои со векови се присутни на овие острови, големо историско наследство и прекрасна природа се единствен спој со кој ке ве маѓепса оваа мала земја.

За таа цел, туристичката агенција Флај туризам има совршена понуда за вас. Незаборавно есенско и зимско патување во Малта. Од 10 до 14. октомври 2018 година сите љубители на потоплите краишта имаат можност да го резервираат своето патување во Малта. Цената за ова незаборавно патување изнесува 299€/18.538.00 денари. Цената на аранжманот е по особа и вклучува:


Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со WizzAir со вклучени аеродромски такси со димензии 55 х 40 х 23 цм, рачен багаж до 10кг, трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта, сместување во Хотел на база 4 ноќевања со појадок, организација и водство на аранжманот, пратител од агенцијата за целото патување.

Доколку преферирате Малта да ја изберете како идна дестинација за Божиќните празници, тогаш Флај туризам го имаат совршениот аранжман за вас и во тој период. Имено, од 07. до 11. јануари Флај туризам ви нуди незаборавни празнични денови поминати на Малта. Цената за ова патување изнесува 249€/15.400.00 денари.  Цената на аранжманот е по особа и вклучува:


Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со WizzAir со вклучени аеродромски такси со димензии 55 х 40 х 23 цм, рачен багаж до 10кг, трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта, сместување во Хотел 3*на база, 4 ноќевања со појадок, организација и водство на аранжманот, пратител од агенцијата за целото патување.

Резервирајте го соодветниот термин навреме и почувствувајте ја магијата на Малта во зимските месеци од годината.