Категории

Зошто постои 29-ти февруари и како губиме 11 минути годишно?

Календарската година главно ја сочинуваат 365 дена, но 2016 година ќе ја сочинуваат 366 дена, баш како што се случи во во 2012, 2008, 2004, 2000…

Станува збор за престапни годни кои имаат дополнителен ден во календарот кој се зема како 29-ти февруари. Тоа е главно општопозната пракса, но причината за тоа е многу помалку позната.

Како корисници на соларниот календар, се потпираме на Сонцето за да ја одредиме должината на годината, како и да го означиме почетокот на годишните доба. Соларниот календар е поделен така што да одговара на земјоделските активности за да се зголемат шансите за плодност.

Сончевата позиција на небото во текот на годината варира, се крева и паѓа и заминува кон југ како што и се приближуваме на зимата, или кон север како што му се приближуваме на летото, барем што се однесува до северната хемисфера.

Почетокот на кревањето и паѓањето на Сонцето на хоризонтот го обележуваме како зимски и летни солстициј што древните цивилизации го обележувале со изградба на споменик како што е Стоунхенџ.

Но, кога станува збор за прецизно мерење на соларните години, кои ги нарекуваме уште и тропска година, користиме друг настан – пролетна рамноденица. Од една до друга пролетна рамноденица поминуваат 365 дена, 5 часа, 48 минути и 45 секудни. Циклусот се заокружува на разлика од 365 дена и 6 часа иако грчкиот астронаут Хипаркус уште пред 2.000 години сфатил дека ова заокружување е непрецизно.

За “вишокот” од шест часа да се смести во пресметката на 365-дневниот календар, одлучено е секоја четврта година да се додава по еден ден со оглед на тоа дека 6 x 4 = 24, што претставува времетраење на еден ден.

Кога не би постоела престапната година, односно кога секоја година би имала 365 дена, месеците полека би се поместувале и за 750 години зимата би се доживувала во јуни.

Идентично, последица би почувствувале и жителите на јужната хемисфера, само во обратна смисла, каде граѓаните на Сиднеј би ја дочекале зимата во декември.

Прегледи:
467
Објавено на:
25.02.2016