Категории

Зошто се јавува желбата да му пишете на поранешниот партнер?

Имате доволно причини. Сте се вратиле дома, сте отвориле шише вино, сте биле тажни, сте погледнале заеднички фотографии а потоа уште многу нешта ве навеле да испратите едно прашање: „Како си?“

Спрема статистичарите, пораките на поранешните партнери најчесто се испраќаат под дејство на алкохол, кога сте тажни или од досада. Друга најчеста причина е за да се нахрани егото: „Веднаш одговори – тоа значи дека и понатаму ме сака – колку сум кул.“

Од една страна во тоа нема ништо погрешно, но од друга, постојат многу други подобри начини за да го нахраните вашето его, наместо што ќе се забавувате и ќе му го скршите срцето на човекот со кого не планирате да си ја обновите врската.
Доколку не планирате ништо, оставете го конечно да тргне напред.

Важно е да знаете пред да направите овој чекор, дека нема ништо да се промени. Тој станал ваш поранешен партнер со причина, проблемите кои довеле до разделба помеѓу вас се и понатаму тука и не исчезнале магично во меѓувреме.

Доколку го добивате тоа чувство да го побарате вашиот поранешен партнер само кога сте сами или кога ви е здодевно, всушност не се работи за тоа дека тој ви недостига туку во моментот чувствувате потреба да имате некој покрај себеси, и не е баш добра идеа да го вознемирувате некој кој можеби продолжил напред со својот живот.

 

Прегледи:
354
Објавено на:
12.12.2019