Категории

Зошто се посебни луѓето со сини очи?

Никој на светот нема очи како вашите. Ако сте имале среќа да се родите со небесно сини очи, тогаш тоа е нешто навистина ретко. Изгледа дека синооките луѓе имаат посебна моќ.

1. Сините очи всушност не се навистина сини

Син пигмент всушност не постои. Луѓето од сите раси имаат кафеава боја на очи поради меланинот, пигмент кој е одговорен за бојата на кожата. А сината боја е резултат на рефлексија на светлостите. Морето или небото ни се чинат сини од истата причина.

2. Можат да менуваат боја

Сините очи менуваат боја во зависност од светлоста. Боја добиваат од светлоста која им паѓа и се рефлектира од неа. Исто така со шминка може малку да се промени нијансата на очите, правејќи ги посветли или потемни.

3. Сите синооки луѓе имаат заеднички предок

Научниците од Универзитетот во Копенхаген откриле дека луѓето со сини очи веројатно се во сродство. Пред 6-10.000 години, сите жители на планетава имале кафеави очи, а потоа во некој момент мутирал генот одговорен за нивото на меланин. Таа мутација го ограничила произведениот меланин и ги осветлела очите од кафеави во сини. Сире синооки луѓе ја наследиле оваа генетска мутација во истиот дел на својата ДНК.

4. Сините очи се многу ретки

Поголемиот дел од жителите на планетата Земја имаат кафеави очи, а само 8-10% од луѓето имаат среќа да се родат со сини очи. Според Светскиот атлас, поголемиот дел на синооките луѓе живее во Европа. Финска се смета за држава со најголем процент на синооки луѓе.

5. Луѓето со сини очи полесно поднесуваат болка

 

Луѓето со светли очи имаат среќа: во споредба со оние со кафеави, имаат поголем праг на болка. Научниците сметаат дека гените поврзани со меланиномот исто така ја одредуваат и осетливоста на болка.

Прегледи:
840
Објавено на:
23.09.2021