Категории

Зошто се жениш за една, а сакаш некоја друга?

Првпат се обраќам на еден посебен вид на мажи. Ви се обраќам со прашања. Одговори не барам. Најдете ги и самите одговорете ги во себе, а не на мене. Јас можам без нив и не ми требаат. Можеби и вам не ви требаат. Не ми е баш гајле.

Сѐ што пишувам, пишувам на основа на моите искуства и она што го имам чуено и видено со мои уши.

Зошто се жениш за неа, а потајно сакаш друга која нема никакви допирни точки со неа? Никакви.

Зошто за јавноста, фамилијата и Фејсбук ја бираш неа која е како да излегла од магазин, а за тајни средби бараш некоја друга која воопшто не изгледа така?

Зошто велиш дека таа ти е жена, а другата ти е за уживање?

Зошто ти е кисела насмевката? Верувај ми дека се гледа.

Зошто ѝ се јави на девојката по неколку месеци криење, за по некое време таа да дознае дека всушност ти си ѝ се јавил на денот на твојата свадба?

Зошто на улица ми се насмевнуваш мене, на втора, на трета, а ја држиш неа за рака?

Дали сето тоа е само прашање на баланс?

Се срамиш од твоите избори?

Се срамиш од она што си?

Зошто мислиш дека треба да исполниш нечии очекувања?

Дали навистина едната е за покажување, а другата за уживање? Кому покажуваш? Зошто?

Дали навистина е важно кој што ќе каже?

Кој е вистинскиот ти?

Дали имаш страв да бидеш неприфатен?

Се плашиш од самотија?

Колку лица имаш?

И до каде ќе оди тоа? И има ли рок на траење?

Прегледи:
468
Ознаки:
· ·
Објавено на:
17.08.2018