Категории

Зошто силните жени имаат подобри врски?

На силните жени не им е потребна врска која ќе ја потврди нивната сопствена вредност и тие можат да функционираат самостојно во овој свет.

На силните жени не им е потребна врска која ќе ја потврди нивната сопствена вредност и тие можат да функционираат самостојно во овој свет. Меѓутоа, кога се во прашање врските, силните жени внесуваат позитивни особини во партнерството и поради тоа делуваат како „лепак“ кој држи се во совршено единствено.

Иако однадвор изгледаат како „тврд орев“, силните жени знаат како да ги изразат своите чувства и како да сакаат безусловно. Сепак, следните нешта ги прават поинаку од другите жени и поради тоа нивните врски имаат тенденција да бидат подобри и постабилни.

Превзема одговорност над своите чувства
Силната жена не го обвинува партнерот за начинот на кој тој се чувствува, таа превзема одговорност над своите чувства. Секако, тоа не значи дека му дозволува на партнерот да гази по нејзиното срце. Силната жена никогаш не глуми жртва. Ако постои нешто околу кое сака да разговара, таа го прави тоа на отворен и искрен начин, без предизвикување на емоционален земјотрес. Таа не бега од своите емоции нити игра на картата на самосожалување. Таа поминала низ многу предизвикувачки ситуации во животот па одлично добро знае како да се носи со истите во врската.

Го прифаќа партнерот со сето свое срце
Силната жена не се обидува да го промени партнерот – таа го сака онаков каков што е. Со оглед на тоа што силната жена се почитува и самата себеси, сосема и е лесно да ги засака и почитува другите. Пријатно и е во сосптвената кожа и сака партнерот да ја почувствува таа доза на самодоверба. На крајот на краиштата, зошто би била во врска со некој доколку тој не и се допаѓа со сите свои маани и предности?

Отворено ги искажува своите чувства
Силната жена не гледа проблем во тоа да ги сподели со партнерот сите тајни како и своите најдлабоки и најмрачни чувства. Кога е во врска, таа сака да разговара за своите емоции. Јасно и е дека тие се приоритет на кој треба да се обрне посебно внимание. Исто така верува дека врската не може да функционира доколку обете страни не комунициаат подеднакво отворено и искрено. За неа, довербата е најважно нешто во врската.

Не се потпира на партнерот за да биде прифатена
На силната жена не и е потребен било кој да ја прифати со цел таа да почне да се чувствува задоволна со себеси. Таа се чувствува среќно и исполнето и кога е сама а и кога е во врска. Таа секојдневно ја негува грижата спрема себеси на одреден начин и знае дека е потребно да ја елиминира негативната енергија со цел да има здрава и успешна врска.

Прегледи:
678
Објавено на:
18.04.2020