Категории

Зошто случајностите всушност не се случајни?

Секој од нас сигурно се нашол во ситуација кога не можел да си објасни некоја случајност. Одеднаш си одлучила да ја повикаш старата пријателка, а таа во истиот тој миг мислела да те побара тебе.

Си налетал на некој стар пријател и одеднаш обичниот разговор го одвел твојот живот во друга насока. Или за нешто што си се прашувал, си го пронашол одговорт и тоа на натпис на улица.
Понекогаш тие случајности се чинат толку совршени да е тешко да се поверува во нив. Пример за овој феномен е приказната која ја доживеал актерот Ентони Хопкинс. Требал да глуми во филмот „Девојка од Петровка“ чија приказна се темели на романот од Џорџ Феифер. Со цел подобро да се соживее со улогата, му била потребна оригиналната верзија на книгата која не можел никако да ја пронајде во нити една библиотека.
Баш тогаш кога ја изгубил надежта, пронашил примерок на книгата во подземна железница. Кога патувал со авионот на снимањето, го запознал и авторот на книгата. Авторот се пожалил дека му го позајмил највредниот примерок на свој пријател а внатре во него се наоѓаат неговите белешки. Неговиот пријател му рекол дека ја изгубил книгата во подземна железница.

Како би можело ова да се објасни? Ние го пронајдовме одговорот..

Се чини дека сите случки, луѓе и информации на светот се поврзани со невидлив конец кој понекогаш чудно засветува. Според познатиот психијатар  Карл Густав Јунг, тоа е вистина. Овој феномен е веројатно најтаинствениот во свемирот.
Јунг дошол до заклучок дека постои врска помеѓу особата и околината. Помеѓу просторот, времето, свесното и несвесното. Во одредени мигови, под влијание на специфични објективни значења кои се важни за личноста, најсилното привлекување испливува на површина. Ова привлекување создава неочекувани околности кои тогаш ги нарекуваме фатални несреќи или чуда.
Што е поголема врската помеѓу тебе и луѓето околу тебе, поголема е случајноста да забележиш и најситни нешта и да ги сметаш за важни. Тие нешта можат да бидат реклами, песни, слики, разговори или мириси.
Секако во овој феномен не можеме да бидеме 100 посто сигурни. Сепак, понекогаш оваа мистична работа помага и делува, одлучувајќи радикално да го промени текот на животот. Треба да бидеме внимателни и отворени спрема создавањето на можности за синхронизација. Не е чудо што Дон Жуан рекол: „Добрата случајност е само една од облиците на делувањето“