Категории

Зошто светот полуде по овој сок од целер?

Многумина велат дека здравиот сок е како „течна магија“, која има многу здравствени придобивки. Каков е тој сок и што може да му направи на нашето тело ако се консумира редовно?

Иако содржи богатство на витамини А, Ц, калиум, калциум и многу други елементи, со процесот на цедење се отстрануваат влакната кои се неопходни за вашата диета – како што е случајот и со другите овошја и зеленчукот. Сепак, поради високата количина на антиоксиданти, целерот во сокот може да ги отстрани слободните радикали, да го намали ризикот од карцином и други болести како што се кардиоваскуларните заболувања и заболувања на црниот дроб. Исто така, го намалува високиот крвен притисок и нивото на шеќер во крвта, а за семето од целер се вели дека ги намалува кожните болести како псоријазата.

Треба да се има на ум дека секоја личност е различна и дека сокот може да влијае на некој повеќе а на некој помалку. Се согласуваме дека треба да го консумирате од време на време – и ако одлучите да го пиете овој сок секој ден, тоа не е воопшто штетно.

Прегледи:
652
Објавено на:
18.08.2019