Категории

Зошто треба да го консумираме авокадото?

Можеби звучи малку чудно, но плодот авокадо се смета за овошје. Карактеристично за ова овошје е тоа што неговиот состав е различен од другите овошја.

Авокадото изобилува со витамини B5, B6, C, E, K, магнезиум, фолна киселина и уште многу други хранливи материи кои се добри за нашиот организам.

Маста која ја содржи авокадото се нарекува олеинска киселина, за која се смета дека е многу корисна за здравјето на срцето. Консумирање на авокадо може значајно да го намали холестеролот во крвта.

Витамините C и Е, кои ги има авокадото се многу важни за здрава и одлична кожа, а авокадото може да биде корисно и при лечење на псоријаза.

Авокадото содржи протеински влака. Тие го намалуваат нивото на шеќери во крвта, придонесуваат за слабеење, но и го забавуваат разградувањето на јаглехидрати во системот за варење, оставајќи ви долго чувство на ситост.

Затоа, не заборавајте редовно да го консумирате авокадото.