Категории

Зошто треба да избегнувате кисело и газирано?

Доколку сакате вашите заби да останат здрави и сјајни внимавајте што јадете и пиете. Бело вино, газирани сокови и сокови од портокал можат да доведат до губење на забите, покажаа истражувања на Универзитетот во Хелсинки.

Истото важи и за шумечките таблети. Истражувањата покажале дека овие пијалоци можат да ја уништат забната глеѓ. Меѓу нив, најдеструктивни се покажаа производи со витамин Ц.

Од друга страна, млечните производи, како што се сирење и млеко, имаат минерали и базна киселост, поради што се препорачуваат за конзумирање после кисел пијалак или стопени витамински препарати.

Прегледи:
1692
Објавено на:
20.11.2018