Учењето на странски јазици е навистина голем предизвик. Воодушевувачки е кога ќе слушнеме како некои луѓе зборуваат 10, па дури и 30 јазици. Но, дали некогаш сте се прашале зошто треба да учиме повеќе странски јазици?
Кога зборуваме повеќе јазици, се подобруваат концентрацијата и меморијата, а сето тоа помага и во превенцијата од деменција.
Новиот јазик предизвикува повторно да си дадете смисла за себеси, а најдобрите лингвисти обично се добри во земањето нови идентитет.
Исто така кога учиме странски јазик, понекогаш се идентификуваме со некого, полесно го имитираме, а тоа е процес кој ќе помогне во ефикасно учење на јазик. Некои сметаат дека квалитетот на времето потрошено на учење на јазикот е есенцијално, особено во однос на емоционално значење.
Имаме многу различни системи на меморија и совладувањето различен јазик бара ангажирање на сите. Сепак, се смета дека тоа е лнајдобриот тренинг што може да го добие нашиот мозок. Повеќе студии покажале дека ако зборувате повеќе јазици, ви се подобруваат концентрацијата и меморијата, а сето тоа помага и во превенцијата од деменција.
Многу експерти сметаат дека е подобро што порано да се започне со изучување странски јазици, уште во детството, поради намалувањето на способностите во текот на годините, но има и такви што не се согласуваат. Како полиглотите успеваат да научат толку многу јазици? Некои од нив велат дека се работи за способноста за анализирање и интелигенцијата кај луѓето, која е еден од факторите при успешно совладување странски јазик.