Категории

Зошто водата која неколку часа отстоила во чаша има друг вкус?

Обичната вода за разлика од храната, не содржи шеќери, ниту белковини, па е полесно да се загади со микроби.

За необичниот вкус на водата која отстоила во чаша преку ноќта постои објаснување.

Имено, како што водата била изложена на воздухот упила малку јаглерод-диоксид, а дел од него се претворил во карбонска киселина. Тоа значи дека го променила својот хемиски состав, пишува „Дискавери њуз“.

Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протона и ќе се претвори во бикарбонат или карбонат, тоа ја намалува pH на водата, поради што таа го менува вкусот.

Освен тоа, водата која стоела во чаша неколку часа била изложена и на бактерии, па во неа завршува и одредена количина прашина. Тоа не значи дека се расипала, но заради се она што е наведено, наредниот пат добро размислете дали ќе ја пиете отстоената вода или ќе ставите свежа.

Прегледи:
375
Објавено на:
25.04.2016