Категории

Зошто вратите на јавните тоалети не се до подот?

Јавните тоалети секако не се меѓу најпријатните места што понекогаш мораме да ги посетиме. И сигурно сите барем еднаш сте се запрашале зошто вратите и преградените делови во кабините на јавните тоалети не сè до подот, туку се „безобразно“ кренати, не оставајќи простор луѓето да ги завршат своите приватни работи целосно приватно?

Полесно се чистат

Поради честа употреба на јавните тоалети, неопходно е да се мијат неколку пати на ден. Големиот простор помеѓу подот и вратата ги прави кабините подостапни за чистење.

Во случај на несреќа, полесно е да се помогне

Ако некое лице се онесвести или има друг здравствен проблем, ќе помине долго време пред некој да забележи. Ако има доволно голем јаз помеѓу вратата и подот, многу е полесно да забележите какви било знаци на неволја.

Полесно е да се види дали тоалетот е зафатен

Ако тоалетот е целосно затворен, ние секогаш ризикуваме да доживееме непријатен момент додека се обидуваме да ја отвориме вратата, или пак мораме да ги држиме одвнатре, што е уште полошо.

Луѓето побрзо ги завршуваат работите

Кога вратите не се спуштени, поради недостаток на целосна приватност, луѓето се чувствуваат како да мора да ја завршат својата работа побрзо, што го намалува времето на чекање и со тоа и гужвите.

Полесно е да се позајмите тоалетна хартија

Страшно е чувството кога сфаќаме дека сме без хартија! Ако тоа се случи во јавен тоалет, можете да побарате од лицето покрај вас да ви даде хартија.

 

Прегледи:
659
Категории:
Занимливости
Објавено на:
27.11.2020