Категории

Ѕвездата од Сексот и градот се кандидира за гувернер на Њујорк?

Доколку некој ви каже да погодите која од четирите ѕвезди од Сексот и градот би се кандидирала за гувернер, што би бил вашиот одговор?

Улогата на Миранда е можеби најсоодветна да се портретира во политичкиот свет и веројатно нашиот одговор би била токму таа, и не би погрешиле.

Синтија Никсон е еден од кандидатите за оваа висока политичка функција во градот кој никогаш не спие, во градот кој и ја донесе славата, Њујорк. На прашањето зошто кандидатура, таа одговара Why the hell not?

51 годишната актерка ја објави својата кандидатура ја објави на 19-ти март, а ќе се бори против Ендру Кумо, кој го завршува вториот мандат на оваа позиција. Доколку дојде на оваа позиција, таа ќе биде првата жена која е отворено квир, да го води Њујорк.

„Го сакам Њујорк. Ја објавувам мојата кандидатура за гувернер. Придружете се.“ објави таа на социјалните мрежи. „Њујорк е мојот дом. Не сум живеела на друго место. Ми беа дадени шанси што не гледам дека тоа го добиваат денес децата во Њујорк.“ вели таа, и додава „Нашите лидери не разочаруваат.“

Таа наиде на подршка од Ким Катрал и Кристин Дејвис, колешките од мега популарната серија, а иако голем дел од јавноста се запрашува дали таа е соодветна за улогата на гувернер, Кристин Дејвис на Твитер вели: „Горда сум на @CynthiaNixon никој не се грижи повеќе од неа, за секој да добие фер шанса и добро образование. Знам дека таа ќе биде одличен гувернер.“