Категории

Ѕвездата од серијата „Stranger Things“ е новата муза на Calvin Klein

Мили Боби Браун е новото звучно име во Холивуд па не е воопшто чудно што веќе почна да добива понуди од светските модни брендови. 12 годишната актерка ја претстави новата лимитирана колекција на брендот Calvin Klein во соработка со креативниот директор Raf Simons.
Колекцијата вклучува 14 парчиња под името “Calvin Klein By Appointment” и ја сними познатиот реномиран фотограф Willy Vanderperre.
„Колекцијата ја прославува американската жена и американската мода.“ – изјави креативниот директор на брендот, нагласувајќи дека како своја инспирација ја зема модата од 1920-тите до couture тоалетит од 1950-тите.

Прегледи:
318
Објавено на:
24.01.2017