Студени вечери и печени костени пред телевизор одат рака под рака.
Затоа ви откриваме 10 интересни факти за оваа вкусна зимска храна.
- Костените се одгледуваат повеќе од 4000 години.
- За христијаните, костенот ја симболизира чистотата.
- Во Турција и делови од Европа и Азија, костенот ги заменува житарките како извор на јаглени хидрати.
- Во Јапонија, Италија и Франција, костенот традиционално се смета за храна на сиромашните.
- Костените се единствените орашести плодови кои содржат витамин Ц (100 гр обезбедуваат 40% од дневните потреби за овој витамин).
- Во Јапонија костенот претставува мајсторство и моќ и традиционално се служи за Нова Година.
- Костенот е популарен во северна Кина, Кореја, Југоисточна Азија, Турција и некои други европски земји.
- Кина произведува двојно повеќе костен од својот најголем конкурент, Турција.
- Најголемото и најстарото дрво костен расте во Сицилија на планината Етна. Тој е стар помеѓу 2000 и 4000 години, со дијаметар на дрвото од скоро 58 метри.
- Просечен животен век на дрвото костен е помеѓу 200 и 800 години.