Категории

10 MUST HAVE парчиња за секоја деловна жена

Работниот стил во себе содржи сериозност, стабилност и интелектуална ориентација. Но, тоа не значи дека мора да биде и досаден. Ви претставуваме 10 MUST HAVE парчиња за секоја деловна жена.

1. Црни штикли
Кога бирате чевли за во канцеларија, препорачуваме пред се да се придржувате кон три правила: модерно, работно и елегантно. Дискретната но софистицирана работна комбинација веднаш прави да имате повеќе самодоверба. Непогрешлив избор се црните штикли.
1

2. Eлегантна ташна
Ташната може многу добро да го постави стилот во вашата гардероба или да биде парче кое ќе ја убие монотонијата и досадниот изглед. Вистина е дека многу жени немаат плакар како оној на Кери Бредшо, и не можат да си играат игри облекувајќи се два часа пред одење на работа, па затоа бирајте големи и елегантни ташни од цврст материјал.
4-1

3. Комплет одело
Основни три парчиња – блејзер, панталони и здолниште се најважната ставка за секоја деловна жена. Лесна ткаенина во црна, тегет и сива боја е совршен избор за конзервативни прилики.
3-three-piece-suit-with-black-pumps-683x1024
5

4. Црн фустан
Црниот фустан е неопходен во сечиј плакар. Со едноставно комбинирање на минимални детали облечете сако во боја која ви прилега, а доколку сакате да ја истакнете вашата креативност доволна е некоја шик огрлица.
crna-haljina-636x1024

5. Бела блуза
Било да е обична бела кошула или блуза од шифон, деловната жена мора да ја има во својот плакар. Сеедно е дали е со V отвор, долги ракави или модерен стил, одлично се вклопува со долго црно здолниште до колена или панталони.
5-white-blouse-with-leather-pencil-skirt
5-white-button-down-shirt-with-leather-trousers

6. Eдноставно здолниште
Здолниште со А крој е основна верзија на здолниште за деловните жени. Eдноставен дизајн и неутрална боја, премногу кратко и премногу долго воопшто не делува професионално, така да должината до колена е онаа вистинската.
6-color-blocked-pencil-skirt-with-black-top-573x1024
6-leather-pencil-skirt-with-white-blouse

7. Класични панталони
Класичниот пар панталони во рамен крој, без тешки набори и детали никогаш нема да излесе од мода. Лесно се вклопуваат и секогаш ќе бидете модерни. Идеални се во комбинација со блуза и сако, а високите потпетици само дополнително ќе го зачинат целокупиот деловен изглед.
7-straight-leg-pants-with-animal-print-blazer

8. Џемпер или пуловер
Одлично парче кое можете да го носите дури и кога седите во канцеларија. Може да прекрие вишок килограми, а со него може да вклопете и долги панталони и здолниште. Џемперот комбиниран со елегантен долен дел и штикли изгледа доста професионално. Тој е неопходен за во зима а можете радо да го носите и на работа.
8-houndstooth-sweater-with-skinny-pants-and-flat-shoes

9. Лесен капут
Лесен и удобен, класичниот капут ќе ви обезбеди совршен софистициран впечаток. Eсента и пролетта се идеални за ова парче гардероба. Nudе нијансата е и понатаму најпопуларна, а се вклопува во деловниот стил.
9-trench-coat-with-midi-skirt-and-gray-top

10. Волнен капут
Зимските месеци бараат слоеви и слоеви гардероба, но волната е еден слој кој е доволен да ве стопли, затоа волнениот капут е идеален избор за во зима, лесно се комбинира и е одличен за на работа.. Бојата е ваш избор.
10-wool-coat-with-knitted-top-and-skinny-pants

Прегледи:
467
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
20.10.2016