Категории

10 НАЧИНИ ЗА УПОТРЕБА НА КОНДОМ КОИ ДОСЕГА НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ

На сите ни е познато која е вистинската намена на кондомите, но тоа што ретко кој го знае е дека тој е мулти-функционален производ!

Овие начини досега сигурно но сте ги знаеле, но отсега навистина ќе ви бидат корисни!

Заштита за овошјето

Одличен начин за да го одржувате овошјето свежо во текот на денот.

Еластично ластиче

Ладна облога

Наполнете го со вода и малку алкохол и ставете во ладилникот убаво да замрзне. Следниот пак кога ќе се повредите, исчашите или пак ја шинете ногата, ќе имате одлична ладна облога.

Водоотпорен држач за мобилен телефон

Одличен сјај за кондурите

Кондомот содржи латекс, којшто е одличен за полирање на кондурите. Едноставно извадете го од опаковката, полирајте ги чевлите и тие ќе добијат одличен сјај.

Водоотпорен завој

Поголемиот дел од завоите и фластерите не се корисни кога ќе дојдете во допир со вода. Затоа, кондомот е одличен начин раната да ја заштитите од вода. Исечете го само горниот дел и тоа што ќе ви остане, навлечете го на раката. На овој начин можете да бидете сигурни додека се туширате.

Капак за пијалаците

Одличен начин да ги затворите лименките или шишињата со пијалаци. На овој начин пијалакот нема да изветрее, а покрај тоа ќе бидете сигурни дека никој нема да ви го испие!

Потпалувач

Кондомите се лесно запаливи, па затоа се корисни за палење на оган. Но, запомнете дека тие горат само неколку секунди, па затоа побрзо додавајте дрва или хартија, за да успеете да запалите поголем оган.

Топка против стрес

Наполнете го кондомот со ориз или брашно, крајот заврзете го убаво во јазол и вашата топка за стискање, којашто ќе ви помогне да се смирите кога сте под стрес, е подготвена.

Отворач за тегли

Повеќе нема да се мачите да ги отворате теглите, само навлечете го кондомот на капакот од теглата и ќе ја отворите многу лесно.

Прегледи:
527
Ознаки:
·
Објавено на:
09.02.2017