Категории

10 неочекувани нешта кои на мажите им се секси

Што ги привлекува мажите? Едно е тоа што ние мислиме, а сосема спротивна понекогаш знае да биде вистината.

Пречитајте и сами.

#1 Вообичаеното истегнување. Дали тоа го правите веднаш од кога ќе станете од спиење или по долгата работа на компјутер, не е важно, истегнувањето е криптонитот на секој маж. Има нешто што не може да се објасни со зборови, а им е неверојатно привлечно на мажите.

#2 Потењето. Можеби на нас ни е тоа гадно и непријатно, но потењето на жените им е привлечно на мажите.

#3 Тресењето. Колку и да ни е непријатно тресењето (на пример додека трчаме или скокаме), мажите навистина го ценат движењето на телото.

#4 Кога жена ќе се изнервира. Не постои никакво објаснување зошто мажите сакаат бесна жена. Тоа не е нешто што може да се разбере. Кој знае.

#5 Неуредна, растурена коса. Толку многу напор вложуваме за нашата коса да изгледа убаво, но некогаш на мажите им е неверојатно секси кога ќе видат растурена фризура на жена.

#6 Пукање со пушка. Тука не станува збор за пацифизам или права за оружје. Мажите сакаат работи кои се деструктивни и гласни. Тие сакаат и жени. Оваа комбинација за повеќето мажи е рај.

#7 Карирано. Карирана кошула со маичка на прерамки е нешто по кое многу мажи го губат разумот. Но премногу карирано е проблем. Ако имате кариран фустан, тогаш магијата исчезнува.

#8 Заведувачко јадење. Бананите не се секси, маж кога јаде банана не е секси. Но кога жена го прави тоа…

#9 Инструменти. Не е важно на кој инструмент знае да свири жена, но дефинитивно за нив тоа е секси.

#10 Шипка за стриптиз. Што е причината поради која мажите ја обожаваат таа шипка за стриптиз не е јасно, но тоа за нив е неверојатно атрактивно. Ова не е хипотетичко прашање, дали некој навистина знае зошто тоа ги привлекува?

Прегледи:
382
Објавено на:
31.05.2016