Категории

10 нешта кои стилските дами ги прават секој ден

Искрено, стилските дами кои ги среќавате секојдневно не се магионичарки, тие се само многу добро подготвени. Ако се прашувате како е возмжно никоја од нив да нема дамки од своето утринско кафе на својата кошула тогаш не значи дека тоа не им се случува, само се умешни во добро прикривање. Овие дами даваат се од себе и своето време да се подготват најдобро што можат за да изгледаат беспрекорно кога ќе излезат од својот дом, а тоа е се што секоја урбана девојка треба да го знае и применува. Еве ги нашите совети кои ќе ве убедат дека тоа не е невозможно, почнете да ги применувате уште утре и ќе забележите како сите ве прашуваат која е вашата тајна. :)

ShotByGio-George-Angelis-Olivia-Palermo-Paris-Fashion-Week-Fall-Winter-2015-2016-Street-Style-6704

1. Изберете комбинација уште вечерта – За да не настане збрка изутрина кога не знаете што да направите попрво тогаш изберете ја вашата комбинација претходната вечер, додека се подготвувате за спиење или миете заби.. Тогаш сте опуштени и релаксирани и можете да направите најдобар избор отколку кога сте во брзање па посегнувате по првото парче кое сте го нашле.
2. Дајте си време на себеси да се подготвите – Навијте го часовникот порано од вообичаеното време на будење, за почеток ќе ви биде тешко но што е полошо од тоа да сте ненаспани? Да, дефинитивно полошо е да излезете со бушава коса и неубаво нанесена шминка.
3. Долната облека е најважна – Стилските дами се грижат беспрекорно за долната облека иако тоа е само сегмент кој не е видлив, сепак долната облека е она кое што ви дава самодоверба и ве прави да се чувствувате убаво во вашето тело. Секогаш одбирајте долна облека која е добро усогласена со вашите пропорции, и веднаш ќе забележите како фустанот ви стои како на модел од излог.

1 2

Прегледи:
600
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
13.03.2016