Категории

10 нешта кои стилските дами ги прават секој ден

copenhagen-spring-2016-street-style-09
4. Барајте инспирација во другите стилски дами – Да и ова воопшто не е погрешно. Секој се соочува со стилски кризи и понекогаш се наоѓа себеси како стои пред плакарот без никаква идеа. Направете листа личности на Instagram или Pinterest кои се ваши модни гуруа и секогаш им завидувате на модните комбинации, така никогаш нема да се доведите себеси да направите грешка.
5. Облекувајте се според временските услови – Понекогаш времето навистина знае да си поигра со нас, секогаш проверувајте ја прогнозата за денот пред да излезете од дома за да избегнете да бидете девојка која трча по дождот во сандали.
6. Облекувајте се според пригодата – Добро облечените дами се секогаш оние кои имаат сопствен dress code. Тие никогаш нема да облечат мини сукња на конзервативен настан, или длабоко деколте на вечера со колегите. Секогаш бидете внимателни и не претерувајте со покажување премногу кожа кога тоа не е во склад на местото и настанот.

New-York-Fashion-Week-Spring-2016-Street-Style-14-915x608
7. Носете облека која е прикладна за вашата фигура – Сигурно секоја од стилските дами имаат пар фармерки во кои едвај чекаат да бидат „собрани“ повторно, или маица кои несакајќи се здобила со дамка и после хемискиот третман никогаш не изгледала како претходно. Соочете се со тоа дека и колку да посакувате некое парче, доколку не изгледа добро на вашата фигура или едноставно не е повеќе во состојба да биде носено морате да се ослободите од него.
8. Изберете ги вистинските модни додатоци – Како што познатата икона Коко Шанел рекла: „Секогаш вадете го последниот моден додаток кој сте го ставиле на себе“. Да златното правило вели помалку е повеќе. Внимавајте модните додатоци да се добро усогласени. Доколку се одлучите за монохроматска облека тогаш слободно ставете накит во впечатливи бои, или ако вашата облека изобилува со колорит тогаш едноставен аксесоар како ремен или обетки во невпечатлив дезен и боја се вистинскиот избор.
9. Грижете се добро за вашата облека – Секогаш внимавајте таа да е уредно исперена и здиплена, оние специфични материјали секогаш поставувајте ги на закачалка во вашиот гардеробер, палтата и фустаните од деликатни материјали знаат да го изгубат својот изглед доколку се неуредно згужвани на дното на плакарот.
10. Секогаш купувајте и носете обувки во кои можете комфорно да се движите – Ова е едно од најважните правила, долгиот работен ден знае да ве измори па сигурно не сакате да бидете видени како едвај се движите во 15цм високи потпетици после работа. Стилските дами секогаш знаат кога треба да носат рамни а кога обувки на висока пета.

1 2

Прегледи:
601
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
13.03.2016