Категории

10 неверојатни апартмани во кои престојуваат познатите личности

Познатите личности се сосема слични на нас… само со уште неколку нули на сметките во банка. Погледнете ги неверојатните приватни плажи, вили, апартмани во кои престојуваат насекаде во светот.

По педесет минутниот настап на “Super Bowl”, Бијонсе се “почести” со заслужен одмор во вила со огромен базен, фитнес центар, готвач и овоштарник од 60 хектари. Се тоа за само 10,000 долари од ноќевање.

Поп ѕвездата Бритни Спирс со своите пријатели и семејството ја одбраа оваа куќа вредна 30 милиони долари во Малибу за да се одморат за викенд. Имотот располага со стаклени балкони, базен, жешка бања, камин и огромни прозори за да се долови прекрасната глетка.

Почнал од дното, а сега е тука: По завршувањето на турнејата, канадскиот рапер Дрејк се релаксираше во оваа вила конструирана во италијански стил, која чини 10,000 долари од ноќевање, лоцирана во Беверли Хилс. Имотот располага со огромен простор, што вклучува и домашен театар, винарија, играчница и бесконечен базен.

Џејми Фокс уживаше во прекрасна куќа од 10,000 метри квадратни кога пристигна во Мајами за да настапи со барбара Стрејсенд на нејзиниот концерт минатиот декември. Со осум спални соби, панорамска глетка, артистичка кујна и огромни тавани, не е ни тешко да се заклучи зошто го избрал токму ова место.

Џон Леџенд со својата сопруга и нивната ќерка се опуштија на неколку локации далеку од дома во текот на неговата американска турнеја. Во Сиетл, а потоа триото се смести во луксузна куќа во тивко соседство во Нешвил, а на крајот на патувањето и во Канзас-Сити.

Ким Кардашиан Вест и Кание Вест. Моќната џет-сет двојка, привремено се лоцираше во овој апартман во Њу Јорк, вреден 30 милиони долари (кој чини 10,000 долари од ноќевање), за време на турнеата на Кание, уживајќи во седум балкони, базен на кровот на зградата, сала за вежбање, сауна, и игротеки за децата.

За да не бидат надминати од своите постари сестри, Кендал и Кајли Џенер ја посетија оваа вила во вредност од 50 милиони долари во Туркс и Каикос за 19-тиот роденден на Кајли. Комплексот е во големина од шест хектари има три вили и вкупно 23 соби.

Ова е вилата која ја избра Лејди Гага за времетраењето на Коачела оваа година и изнесува 10,000 долари од ноќ со прекрасна планинска глетка и базен декориран со цветен дизајн од Италија.

Во близина на Гага, беше сместен Кендрик Ламар на имот со површина од 7,700 метри квадратни со прекрасни услови и тениско игралиште.

Пред почетокот на минатогодишната турнеја, Селена Гомез одвои време сама за себе и своите другарки во неверојатната куќа на плажа во Малибу која вклушува и приватна плажа.

Прегледи:
468
Објавено на:
09.08.2017