Сите ние се обидуваме да се надминеме и да бидеме подобри од претходниот ден:посочувствителни, попаметни, посилни, посреќни. Затоа, мора да запамтиме дека со цел да се движиме рамномерно по патот, не смееме да ја изгубиме концентрацијата и нашата позитивна аура. Со овие златни правила ќе си го направите животот среден и најважно од се, среќен.
Бидете позитивни, но сепак реални.
Наградете се, но останете скромни.
Опкружете се со луѓето што знаат да ве насмеат, но оставете си простор да бидете сами кога сте тажни.
Не се окупирајте со негативни мисли – искористете ги да станете посилни.
Помогнете им на другите, но внимавајте да не се истоштите.
Дајте си тајм-аут кога сметате дека ви е неопходен.
Научете да се ослободите од приврзувањата кон луѓето и предметите што не ви требаат во вашиот живот.
Работете на вашиот личен развој, но постепено.
Запомнете – не мора секогаш да се присилувате да бидете среќни или позитивно настроени.