Категории

Што е Thanksgiving?

Thanksgiving или Денот на Благодарноста е национален празник којшто се слави во САД на четвртиот четврток од ноември.

Тоа е ден за изразување благодарност за благословите за жетвата и за претходната година.

Празникот има историски корени во раната колонијална Америка и често се поврзува со Аџиите (The Pilgrims) коишто пристигнале во Масачусетс во 1620 година.

Тие биле англиски сепаристи коишто сакале верска слобода, па затоа ја напуштиле својата земја и дошле во Америка.

Во 1620 година тие во текот на своето патување се соочиле со тешка сурова зима, недостаток на ресурси и многу жртви.

Во есента, 1621 година тие успешно ги собрале своите посеви, организирале гозба за да се заблагодарат за добрата жетва и за помошта што ја добиле од Индијанците.

Овој ден се слави со богата гозба, се изразува благодарност, се организираат паради, се гледаат фудбалски натпревари, се волонтира во настани и слично.

Датумот бил одбран од претседателот Абрахам Линколн во 1863 година и оттогаш се одбележува четвртиот четврток од ноември.

 

Прегледи:
138
Објавено на:
23.11.2023