Категории

10 причини зошто козјото млеко е добро за здравјето

Козјото млеко е многу послично во квалитет до мајчиното млеко, во споредба со кравјото, и спаѓа во намирниците со најмногу лековити својства.

Ова се само дел од причините зошто треба да го внесете којзото млеко и производите од козјо млеко во вашата исхрана:

1. Освен како вкусен прехранбен производ, козјото млеко со години се користи како лек за бронхитис, за сузбивање алергии, зајакнување на имунитетот и слично.

2. Истражувањата покажале дека козјото млеко подобро се вари од кравјото, има ниско ниво на алергени и потполно се апсорбира во организмот.

3. Истражувањето на меѓународното списание „Journal of Food Science Nutrition“ откри дека козјото млеко во основа има сличност со ДНК структурата на мајчиното млеко, поради што може да се вклучи во формулите за подобрување на исхраната на доенчиња.

4. Со козјото млеко се постигнати добри резултати во лечење на разни проблеми кај луѓе кои патат од срцеви болести, епилепсија, фиброзни цисти, болести на жолчката и камен во жолчката.

5. Козјото млеко изобилува со калциум и фосфор, важни за одржување на цврстината на коските, како и со цинк и селен, силни антиоксиданси што го одржуваат имунитетот на организмот.

6. Многу научници го препорачуваат козјото млеко на луѓе кои боледуваат од анемија предизвикана од недостиг на железо во крвта.

7. Ова млеко е богат извор на биоразградлив калциум, железо, фосфор и магнезиум и ги содржи во многу поголема концентрираност во споредба со кравјото млеко.

8. Козјото млеко е богато со силициум, минерал што позитивно делува на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

9. Сурутката, сирењето и јогуртот од козјо млеко се природни средства за зголемување на имунитетот кај децата.

10. Значајни се за обнова и раст на коските, ја подобруваат работата на дигестивниот систем, се препорачуваат при превенција и терапија за болести на црниот дроб, остопороза, зголемен холестерол и крвен притисок, воспалителни процеси, како и за подобрување на работата на бубрезите.

Прегледи:
403
Објавено на:
10.04.2017