Категории

10-те држави со најсреќни народи за 2019 – кои се нивните тајни?

Среќата за различни луѓе, може да значи различна работа. Поради тоа, несомнено е дека среќата како конструкт е тешка за мерење, квантификување и рангирање. Сепак, она што е најголема среќа за некој кој сака голем град, би значело затвор за обожавател на селото.

Научниците од Happiness Research Institute секоја година издаваат листа на најсреќни држави, меѓу другите истражувања кои ги спроведуваат на темата среќа. Малку е загрижувачки фактот што се чини дека иако на глобално ниво е приметен економски раст, нивото на среќа е во пад. Дел од факторите кои придонесуваат на ова се политиката и растот на популацијата.

Ланската листа била оформена врз база на изјавите од жители од 156 држави, и прашалниците се сведувале на тоа колку среќни самите испитаници се доживуваат себеси, односно колку се задоволни од сопствените животи. Оваа година, критериумите имаат промени. Се фокусираат врз среќата и заедницата – како среќата еволуирала во последните 12 години, со фокус врз технологиите, социјалните норми, конфликтите и државните и светските политики кои придонесуваат врз субјективната и глобалната среќа. Посебни поглавја од истражувањето се посветени на дарежливоста и просоцијалното однесување, ефектите на среќата врз гласањето и среќата добиена преку интернет и зависности.

„Светот постојано се менува“, вика професорот John Helliwell, коредактор на истражувањето. „Како заедниците се во интеракција едни со други, дали се тоа училишта, работни места, соседства или социјални медиуми; влијае многу врз светското ниво на среќа“.

Иако критериумите се променети, и најдолните и најгорните субјекти на листата, не се нешто ново. Европа доминира со среќа на глобално ниво, а нордиските земји ја нодимираат Европа, и сите пет се во топ 10 листата.

САД има пад на среќата без разлика на економските успеси, така што лани беше на 18-тото место, а оваа година е на 19-то. CEO-то на Happiness Research Institute, Meik Wiking, се обидува да објасни зошто: „Главната причина… е тоа што САД се соочува со социјални кризи веќе неколку години, каде сѐ повеќе луѓе сметаат дека немаат на кого на се наслонат ако им треба нешто. Поделбата помеѓу богати и сиромашни исто така креира распаѓање на заедништвото и довербата меѓу луѓето, која е многу битна за чувството на среќа и сигурност, и со тоа и за генералното ниво на среќа.

Европа е малку поизмешана од САД. Иако останува најсреќниот континент во светот, ако се разглоби, приказните се различни за различни држави. Рака под рака со скандинавските успеси, држави како Италија (на 36-то место) и Шпанија (на 30-то место), имаат голем пад во среќата од 2008. Грција, пак, оваа година е падната на 82-ро место, бидејќи уште не може да се опорави од финансиската криза од 2008.

Земајќи го во предвид економскиот, социјален и политички хаос во Обединетото Кралство, тие сепак се искачија од 19то место лани, на 15то место оваа година.

Еве ја листата за оваа година:

10. Австрија

Oваа година, Австрија практично ја исфрли Австралија од топ 10 лоистата. Тоа е така поради големата социјална поддршка што граѓаните ја добиваат и нивната слобода. Исто така, главниот град на Австрија, Виена, стана најубавиот град за живеење во светот, според Global Liveability Index.

9. Канада

Иако падната е на две места пониско од лани, втората по големина држава во светот, сепак е на високо место во скоро сите категоррии. Канада има висок животен век, а сѐ уште ниска населеност, така што секој човек има доволно простор за свое мало парче рај во оваа држава.

8. Нов Зеланд

Нов Зеланд го задржала своето место од лани. Далечната држава останува релаксирана, гостопримлива земја од мечтите, како за туристи, така и за тие што живеат таму. Нов Зеланд е една од две држави, и највисоко рангирана на листата, надвор од Европа.

7. Шведска

 

Оваа година Шведска и Канада си ги замениле местата. Високото рангирање на Шведска се должи на огромната социјална поддршка која ја добиваат нејзините граѓани, како и високиот животен век.

6. Швајцарија

Неутралната, но преубава Швајцарија, беше најгоре на оваа листа во 2015, но полека падна надоле. Сепак, се наоѓа на одлично место, поради нивната економија која е во раст, неверојатно долг животен век, и поради даночните можности кои ги привлекуваат богатите од целиот свет со свои инвестиции.

5. Холандија

Познати по својот релаксиран и гостопримлив начин на живот, овие специфични луѓе се меѓу најсреќните во светот. Брзината на животот и слободата се доста силни точки кои ставаат насмевка на лицата кај жителите на Холандија.

4. Исланд

Држава која во светски рамки е најводена од еднаквост. Иако е изолирана, оваа мала држава е рај за луѓето од својата еднакво мала населеност. Ниски даноци, бесплатно здравство, одлично и пристапно образование (еден од десет жители на Исланд има објавено книга) и пејзажи како од бајките. Дополнително, во 2018 стана првата држава во светот во која стана законски задолжителна еднаквата плата за мажи и жени.

3. Норвешка

Норвешка беше на прво место на листата во 2017, и на второ лани. Но, иако се чини дека нивото на среќа е во пад, сепак трето е навистина високо место. Таа е опишана како најубавата држава во Европа, нивото на корупција е минимално, социјалната подрршка е феноменална и слободата е огромна. Таа е секогаш на топ листите за индекс на просперитет.

2. Данска

Данскиот животен стил е навистина огромна бенефиција за жителите на оваа држава. Во 2016 беа први на листата. Тие имаат одличен животен век и една од најмалите разлики во дистрибуцијата на богатството помеѓу луѓето. Се верува дека во 2020 повторно ќе се искачи на првото место.

1. Финска

Финска го задржува првото место од лани. Има 5.5 милиони жители, кои секојдневно се радуваат на меѓусебното гостопримство, феноменален БДП, огромните слободи кои ги имаат, малата корупција, социјалната структура и преубавите пејзажи.