Популарниот шпански бренд Bershka ја претстави новата колекција пропратена со стилски lookbook именува како ‘This is the new me’ кој ги најавува модните трендови, кои судејќи по популарниот high street бренд, ќе владеат со улиците во претстојната сезона.
Во серија фотографии, Bershka ги претстави своите најјаки адути за топлата сезона, меѓу кои се наоѓаат кожни јакни, кожни здолништа, парчиња во црвена боја, популарни мрежасти чорапи во комбинација со искинати фармерки, блузи со ѕвонарести ракави, и многу други парчиња кои ќе доминираат во светот на модата.