Категории

Лили Роуз Деп во разиграна кампања за новите Chanel сјаеви

Chanel ни донесува нова beauty кампања заедно со нивната нова муза – Лили Роуз Деп. 17 годишната амбасадорка на брендот е заштитно лице на новата линија сјаеви за усни именувана како Rouge Coco Gloss која донесува дваесет различни нијанси кои импресионираат. Во вибрантната кампања Лили во еден миг изгледа весело и насмеано а во друг таинствено и заводливо што уште еднаш докажува зошто таа е совршен избор за оваа кампања. Во колекцијата се наоѓаат актуелните нијанси за оваа сезона како и класични бои на црвена и розова препознатливи за брендот. Погледнете..

Прегледи:
430
Објавено на:
13.03.2017