Категории

11:11 – Дали ви се случува и вам?

Нашите духовни водичи, ангели или повисоки инстанци некогаш сакаат да поразговараат со нас преку различни методи како што се репродуцирање на песна на радио која се повторува, а која што има посебно значење за нас, одговор на молитва, превртување на страница од книга која што ја читаме, дури и насочување на нашето внимание кон стрелките на часовникот или кон некој знак, како што е и 11:11.

 

Најпрво, оваа појава може да изгледа како некоја смешна коинциденција, но со тоа што подлабоко ќе погледнете во неа, ќе сфатите дека има внатрешна моќна духовна порака.

Се чини дека сė повеќе и повеќе луѓе во последно време ги забележуваат овие броеви на часовникот кои се повторуваат, билбордите, знаците и некои други места што доведува до тоа да се докаже тезата дека во светот постои едно големо будење.

Овој феномен во основа се случува за да не потсети на космичките промени кои се случуваат во текот на ова прекрасно време на планетата и исто така го насочува нашето внимание кон нашите сегашни мисли и чувства. Основната намера на нашите ангели кои ја водат нашата свест до 11:11 е да направат повеќе да се грижиме за себеси и да не потсети дека секогаш имаме водство и слобода во тоа да се потпреме сами на себе секогаш кога се чувствуваме заглавени, исплашени или фрустрирани.

Според Дорин Вирту, добро позната како американски автор и мотивациски говорник кој има напишано повеќе од 50 книги поврзани со ангели и други спиритуални теми, гледањето во броеви кои се повторуваат, особено кога станува збор за 11:11, треба да не научи да се фокусираме на тоа да ги задржиме нашите мисли позитивни. Треба да го насочиме вниманието кон она што го сакаме, а не кон она од кое се плашиме и ашите ангели ќе не наградат.

Колку повеќе единици гледате толку е посилна поврзаноста помеѓу вас и вашите духовни водичи и ангели. Милиони луѓе ширум светот сė почесто ги воочуваат истите броеви што алудира на тоа дека сите поминуваат низ будење на свеста. Земјата сега се наоѓа во една состојба која е далеку од урамнотежена. Тоа не е состојба на мир и добрина. Некои луѓе

овде се со повисока цел. Нивната улога е да и ги вратат мирот и рамнотежата на Земјата со што таа конечно би станала место каде што владеат добрината и несебичноста.

Според Мајанскиот календар времето на преобразбата настапило 21.12.2012 во 11:11 часот. Тогаш започнува ново доба и преобразба на свеста. Секогаш кога ќе воочите исти броеви, особено 11:11, треба да знаете дека сте на вистинскиот пат. Ангелите ве штитат од сė што е лошо. Во тој момент имате шанса да станете свои сопствени водичи. Ќе научите што значи самоконтрола, внатрешен мир и моќ. Ќе научите како да владеете со себе и да живеете со другите луѓе колку и да не ви се драги.

Ова е многу возбудлив период без разлика на тоа на што мислите дека моментално се случува околу вас. Како што самата трансформација натаму ќе се развива, така малите промени ќе стануваат сė поголеми. Иако во почетокот сето тоа ќе ви изгледа тешко, многу брзо ќе сфатите дека ангелите ве водат и дека сė се случува со причина.

Прегледи:
718
Објавено на:
27.06.2018