Категории

12 браќа и сестри соборија Гинисов рекорд во години – „Немавме многу но се сакавме и се грижевме“

Членови на едно семејство, очигледно со многу добра генетика, поставија нов Гинисов рекорд без да мрднат со прст. Имено, дванаесет браќа и сестри од Пакистан поставија нов светски рекорд во збир на нивните години, објавено е на официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди.

Вкупниот збир на нивните години е 1.042 години и 315 дена, а нивната возраст се движи од 75 до 97 години. Сите браќа и сестри се родени од исти родители во Пакистан и денес живеат низ целиот свет, вклучувајќи ги Канада, Лондон, Швајцарија и САД. Иако не живеат на исто место, Д’Крузови велат дека тие се блиско семејство за кое постигнувањето на Гинисовиот рекорд било една од најважните цели во животот, според Си-ен-ен.

Ова семејство е на добар пат да собори уште еден рекорд – на закажани состаноци преку апликацијата Зум. Секој ден во 11 часот, сите дванаесет браќа и сестри со задоволство го дочекуваат разговорот со нивните најблиски.

„Од кога почнавме да го користиме зумот, станавме многу блиски“ – вели 80-годишната Тереза.
„Нашите врски се толку силни што никогаш не можат да се прекинат“ – додава 93-годишната Џојс. Семејството Д’Круз вели дека никогаш не остануваат без теми за разговор и се радуваат на секоја нова средба. Со нивниот пример, тие сакаат, како што велат, да ги охрабрат другите да бидат интимни, затоа што сме разделени од своите најблиски само со еден телефонски повик.

„Секогаш внимававме, мислам дека е наша тајна, немавме многу, но се сакавме и се грижевме“ – вели една од сестрите, Гениада.

Прегледи:
484
Објавено на:
21.01.2021