Категории

12 типови на мажи со кои долгорочната среќа е невозможна

Несигурните мажи како и фриковите кои сакаат се` да контролираат, не се способни да остварат здрава љубовна врска затоа што своите потреби ги ставаат на прво место, па најдобро Ви е да ги избегнувате.

Постојаното доцнење, недостакот на амбиција или контролирањето на секој Ваш потег се знакови дека тоа не е идеален партнер. Почетната заљубеност не спречува да ги гледаме работите такви кави што навистина се, но со време ќе стане се полошо. Таквите типови на мажи треба да ги избегнувате, истакнува американскиот стручњак за врски, Joshua Pompey.

  1. Комфорен тип

На почетокот на врската комфорниот тип повеќе ќе сака да остане дома и да се дружи со Вас. Иако тоа и на Вас може да Ви годи, со време ваквото однесување станува заморно. Нему му се допаѓаат работите такви какви што се, а заедничко хоби и заеднички активности не го интересираат. Но за да напредува врската, треба да се развивате, а не да стагнирате пишува The Huffington Post.

  1. Тој кој во жената гледа слугинка

Овој тип на маж во жената не гледа партнерка туку слугинка. Тој бара некој кој ќе му мие садови, ќе ги пере неговите алишта и ќе чисти по него, доколку живее сам. Партнерката ја третира како заменска мајка која ќе ги исполнува сите негови желби. Доколку сакате врската да успее, партнерите треба подеднакво да бидат поделени  во обврските, а не се да префрлате на партнерот.

3. Скржливец

Скржливецот е толку опседнат со парите, па го брои секој денар. Иако е сосема во ред да бидете штедлив, претерувањето и ,,заборавањето” на новчаник не е нималку привлечно. Мажите кои попрво би трошеле туѓи пари, наместо свои, треба да ги избегнувате и како пријатели.

4. Спортот му е најважен

Сосема е во ред повремено да се гледа фудбалски натпревар, но проблемот е ако целиот свет се врти околу тоа, а врската пати. Ваквиот тип на маж никогаш не сака та разговара околу сериозни работи и да Ве стави вас на прво место, а неговиот лежерен пристап е ист и со неговата кариета. Нема никакви амбиции, а најважно од се` му е дружењето со другарите.

5. Неромантичар

Овој тип на почетокот е многу романтичен и иновативен, но неговиот ентузијазам бргу го снемува. Тоа е показател дека таков ќе биде и во иднина, а самиот факт дека не се труди на почетокот на врската, не може да биде добар. Со своите постапки покажува дека е спремен да се потруди колку да ве освои, но не и да Ве задржи.

6. Сексот му служи како изговор

Врската после првиот секс се менува, а мажите неретко мислат дека со своите љубовни вешитни, партнерките комплетно ги задоволуваат. Тие тоа го користат како изговор, односно мислат дека ако се добри во кревет, не треба да се трудат на другите полиња во животот.

1 2

Прегледи:
757
Објавено на:
19.07.2017