Категории

12 типови на мажи со кои долгорочната среќа е невозможна

7. Мрзелив

Иако на почетокот на врската ве шармира со своите амбиции, со време тие се претвораат во неостварени соништа, па ваквиот тип на маж често бара пари од својата партнерка. Не размислува за нова или барем подобра работа, но на Вас останува јасно да му дадете до знаење дека не планирате да издржувате некој кој е способен да работи и заработи.

8. Себичен

Не се јавува на мобилен, тврди дека не го слушнал или заборавил да Ви се јави. Но, ако ваквото однесување стане навика, значи дека не ве почитува. Тој сака вие да трчате по него, а неговото нејавување му дава чувство на моќ над Вас.

9. Живее со родителите и не сака да порасне

Животот со родителите е прифатлив ако не може да си приушти сопствен стан, но ако Вашиот партнер има можност, тогаш време е да порасне. Нему му се допаѓа што нема многу обврски доколку живее со родителите, па не мора сам да си готви и да се пегла и вака си го продолжува детството.

10. Контрол фрик

За разлика од себичниот маж кој не се јавува, контрол фрикот постојано ја следи својата партнерка. Тој сака да го контролира секој нејзин потег, одбирањето на пријатели, па и работа. Премногу е љубоморен и несигурен во себе, а контролата над Вас му ја подига самодовербата.

11. Несигурен

Еден ден сака врска, следниот ден сака брак, а третиод ден веќе не е сигурен дека Вашата врска има иднина. Овој тип на маж сака се`, само не со вас, а додека го добие тоа само се забавува.

12. Не ги сака вашите пријатели

Вашиот партнер не е неопходно одлично да се сложува со сите Вашите пријатели, но не е пожелно да ги мрази и оговара. Ваквиот тип не ги сака вашите пријатели и не се труди да го сокрие тоа и што е најлошо од се`, пробува и вас да ве убеди да престанете да се дружите со нив.

 

1 2

Прегледи:
758
Објавено на:
19.07.2017