Категории

12 знаци дека вашиот сопруг е среќен во бракот

Постојат моменти во навидум среќните бракови кога сѐ изгледа во ред и одеднаш еден од партнерите изјавува дека е готово меѓу вас. Според низа социјални експерименти е докажано дека жените почесто иницираат развод, но затоа мажите е поверојатно да ја напуштат брачната заедница и неочекувано да го прекинат односот.

Последователната колатерална штета од двата случаи, која се одразува врз преостанатите членови на семејството и пријателите, само го проширува кругот на болка, бес и лутина. Според тоа, како можете да бидете сигурни дека вашиот сопруг е навистина среќно оженет? Постои ли начин да дознаете дали вашиот брак е функционален и безбеден? Во продолжение прочитајте ги 12-те сигурни знаци кои гарантираат дека вашиот сопруг е среќен во бракот.

1. Се чувствува ценето и забележано

Истражувањата покажуваат дека мажите сакаат да им се посветува одредено внимание и да бидат ценети од своите партнери, а она што го правите (или не го правите) за нив е една од примарните мерки за тоа колку тие се среќни во брачната заедница.

2. Знае дека може да ви се довери без да се чувствува осудувано или критикувано

Овој тип комуникација е од голема важност, бидејќи ја претставува основата врз која се гради довербата и посветеноста.

3. Знае дека е физички посакуван

Колку и да уживаат во сексот, ниеден маж не сака да биде единствениот кој покажува интерес.

4. Му се допаѓа чувството кое го обзема кога е со вас

Комплиментите, пофалбите, прегрнувањата, редовното изговарање „Те сакам“ и останатите гестови со кои му покажувате колку го сакате, го прават вашиот сопруг да се чувствува добро и задоволно.

5. Знае дека нема да го толерирате неговото лошо однесување

Вашиот сопруг знае дека вашата љубов е вистинска и дека таа не се заснова на потчинета согласност.

6. Му се допаѓа тоа што ви е потребен, но и фактот што не сте зависни од него

Меѓусебната поддршка претставува значаен дел од здравата врска, но преголемата зависност од партнерот создава контрола, а со тоа и потребата да се ослободите од неа.

7. Му се допаѓа тоа што се грижите за физичкиот изглед на свој начин

Вашиот сопруг не очекува да изгледате како холивудска ѕвезда, но тоа што гледа како се грижите за физичкиот изглед го тера да мисли дека ја знаете својата вредност, но и вредноста на вашиот заеднички однос.

8. Се чувствува почитуван и сакан

Љубовта и почитувањето одат заедно. Да се чувствувате почитувано од личноста која ве сака ја зголемува самодовербата и ја обновува емоционалната страст меѓу вас.

9. Никогаш не се чувствува понижено од вас

Кога сте лути и кога не користите лични навреди и напади, вашиот сопруг се чувствува сигурно и е подготвен да ги ислуша причините поради кои сте вознемирени.

10. Верува дека ќе го оставите минатото зад себе

Знае дека нема долго да ја држите лутината и да се чувствувате како жртва. Неговата доверба во вас го прави вашиот брак флексибилен, возбудлив и отворен кон идеите за иден заеднички напредок.

11. Знае дека претставува приоритет во вашиот живот

Вашиот сопруг сака да знае дека ви е важен и дека кога ќе има потреба од вас, како и дека секогаш ќе ја изберете и ќе застанете на неговата страна.

12. Ја цени вашата љубезност кон неговото семејство

Никој не го избира своето семејство. Кога ќе покажете дека сте ги прифатиле неговите најблиски, вашиот сопруг ќе се почувствува среќно и исполнето.

Прегледи:
774
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
08.02.2016