Категории

13 ПРИЧИНИ ЗОШТО ЛИМОНИТЕ СЕ НАЈКОРИСНОТО НЕШТО НА СВЕТОТ

Многу нешта кои ги имате дома можат да имаат поширока примена од вообичаената ако знаете како правилно да ги користите. Обичниот лимон не само што е добар додаток за јадења и пилајаци, туку може да ви користи и чистење на домот, но и телото. Овие 13 употреби ќе ви го претстават лимонот во сосема ново светло.

Направете универзално средство за чистење

Излупете еден лимон, ставете ја кората во сад, додадете 150 мл оцет и оставете да отстои преку ноќ. Утредента, додадете 150 мл вода и тоа е сè! Ставете ја течноста во празно спреј-шише и користете ја како повеќенаменско средство за чистење на домот.

Исчистете ја даската за сечкање

Даската за сечкање често собира мириси од храната, а најдобро ќе ја исчистите ако ја триете со лимон и сол. Исечете го лимонот на половина, ставете крупна сол на даската и користете го лимонот како сунѓерче со кое добро ќе истриете. Откако ќе завршите оставете ја даската да се исуши од 10-15 минути и повторете ја истата постапка уште еднаш.

2

Осветлете ги белите алишта

За вашите алишта да останат беспрекорно бели, оставете ги да се киснат ги во комбинација од лимонов сок и сода бикарбона околу еден час, а подоцна ставете ги во машина за перење.

Маникир

Подгответе си подмладувачки третман за ноктите за да ги зачувате цврсти и здрави. Постапката е многу лесна, додадете неколку капки лимон во топла вода и киснете ги прстите!

3

Поттикнување на варењето

Пиењето млака вода со лимонов сок наутро на празен стомак помага во подобрувањето на дигестијата во организмот и го зголемува имунитетот. По желба можете да додадете и мало лажиче мед.

4

Правилно поставување на маса

Кога на масата ќе поставите специјалитети кои се јадат со раце, за гостите би било добро кога би ставиле и мало чинивче со исцеден лимон за миење на прстите.

Освежување на апаратите низ домот

За се ослободите од несакани мириси во фрижидерот натопете го сунѓерчето во лимонов сок и истријте ја внатрешноста на фрижидерот. Користејќи го лимонот можете да ја освежите и машината за перење садови. Испразнете ја машината, ставете неколку лимони во неа и вклучете ја на краток циклус.

Растење никулци

Лимоните исто така можат да ви помогнат при побрз раст на никулците на растенијата. Исцедете го сокот и ставете ги семињата во половината лимон. Потоа засадете ја садницата во земја заедно со лимон-саксијата.

5

Отстранете го лошиот мирис од обувките

Ставете кора од лимон во вашите чевли, и оставете ја да одстои преку ноќ за да ги абсорбира лошите миризби.

Направете природни свеќници

Половините од лимон или портокал можат да ви послужат и за да направите сопствени и уникатни држачи за свеќи. Извадете ја целата внатрешност на лимонот и наполнете ја со стопен восок. И не заборавајте на фитилот за свеќа! Залепете го на дното на свеќникот од лимон.

6

Исчистете го не’рѓосувачкиот челик

Лушпата од лимон заедно со сода бикарбона ќе направи предметите од челик да светат! Се што треба да направите е убаво да ја истриете површината со сода и лимонова кора.

Отстранува дамки од разни зрнести плодови

Кога подготвувате свежи боровинки или малини, на рацете ви остануваат дамки во боја. Лимонот ќе ви помогне да ги отстраните дамките од кожата. И отстранувањето на дамките од алиштата од овие плодови е исто така лесно со лимонот. Исперете го материјалот во ладна вода, а потоа потопете го во лимонов сок неколку минути.

Избркајте ги инсектите

За да ги задржите мравките што подалеку од вашиот дом, ставете малку лимонов сок на вашиот влез и на праговите од прозорците. Да ги избегнете комарците, ставете цветни пупки од каранфилче во лимон исечен на половина.

7

Прегледи:
707
Објавено на:
24.02.2016