8. Никогаш не ги забораваат важните настани
Девојките кои претерано размислуваат не само што не ги забораваат важните настани од својот живот и од животот на своите блиски, туку тие со месеци однапред почнуваат да планираат изненадувања. На пример, за роденденот на своето момче тие ќе ги осмислат сите детали. Едноставно сакаат да се малку пред времето.
9. Се грижат за вашето мислење
Тие едноставно сакаат да ви биде убаво, па така доколку сте излезени и забележат дека нешто не ви се допаѓа, тие нема себично да продолжат со својата забава. Едноставно сакаат да уживате заедно во моментите. Овие девојки ќе дадат сè од себе да бидете среќни со нив.
10. Сакаат да прават планови за иднината
Немојте да се изненадите доколку еден ден не одлучат да ви ја претстават својата иднина во детали. Доколку се забавувате со ваква девојка бидете спокојни, ако сакате да го поминете остатокот од својот живот со неа, не мора да се грижите околу вашата свадба, таа веќе сè има испланирано.
11. Никогаш не избрзуваат со одлуките
Овие девојки сакаат убаво да размислат за сите нешта што се случуваат во нивните животи. На пример, тие никогаш нема дома да ви донесат некое кученце или маченце, без претходно да разговара со вас и добро да размислите дали имате услови да чувате милениче. Она што ги краси овие девојки е тоа што најпрвин мислат, а потоа дејствуваат.
12. Нивните мозоци во секое време работат под полна пареа
Па, токму затоа се и толку паметни.
13. Секогаш мислат на нештата кои се однесуваат на вас
Девојките кои размислуваат немаат никаков проблем да ве потсетат да си ја испеглате кошулата за утрешното интервју за нова работа или да си купите нови чевли кои совршено би одговарале со новиот костум. Тие едноставно се вашиот потсетник.
14. Ги набљудуваат ситуациите од најразлични можни агли
Пред да донесат каква било одлука, тие ќе ги разглобат сите можни сценарија. Никогаш нема да направат одреден чекор без да ви најават. Тие не сакаат да ја повредат личноста во којашто се вљубени.
15. Тие имаат сериозни планови со вас
Девојките кои размислуваат најчесто имаат сериозни планови со момците со кои се забавуваат, инаку едноставно нема да се забавуваат со нив.
1 2