Категории

15 причини зошто секој маж треба да биде со независна и амбициозна девојка

9. Не ѝ треба некој да ја поддржи кога носи одлуки. Таа гласно ќе ви ги каже своите размислувања, но дури и да не се согласувате, доколку таа мисли дека ќе успеат – ќе направи да успеат.

10. Има и други цели освен станување госпоѓа.

11. Цврсто стои на своите нозе. Емоционално, финансиски, физички. Постојано се надградува и не остава времето да ја прегази.

12. Сака да го освои светот, но со љубов и разум. Доволно е силна да ја прифати вашата љубов, но никогаш нема да се претопи во неа, туку ќе биде своја и единствена.

13. Кога ќе згреши – се извинува. Но, кога вие ќе згрешите, и од вас ќе очекува да се извините.

14. Таа е одличен модел за вашите идни деца, особено за девојчиња. Целосно ја владее својата независност и не верува дека постои послаб и посилен пол. Секој добива онолку колку што сработил.

15. Не е воопшто лесно да си заминете од неа. Кога веќе сте ја запознале и сте виделе колку е силна, ќе бидете магнетно привлечени да поминувате што е можно повеќе време со неа. Ова чувство не само што нема да исчезне со време, туку ќе станува сè посилно и посилно. Тогаш веќе ќе знаете дека сте го нашле партнерот за цел живот.

1 2

Прегледи:
687
Објавено на:
09.04.2016