Слоновите се најголемите копнени животни на Земјата. Тие имаат карактеристични долги сурли, големи уши и тешки и дебели нозе. Постојат два вида слонови. Азискиот слон и африканскиот слон кои живеат на одделни континенти и имаат многубројни уникатни карактеристики.
View this post on Instagram
Во исчекувањето на слониците Дуња и Даела во нашата Зоолошка градина во Скопје, прочитајте некои интересни факти за нив.
- Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни и животни со најдолг животен век, обично 60 години, па и повеќе.
- постојат два типа на слонови, азиски и африкански, кои се разликуваат според конституцијата на телото.
- Младенчиња можат да добијат кога имаат околу 12 години, а бременоста на женките трае 22 месеци.
- На возрасните слонови им се потребни околу 210 литри вода дневно.
- Слоновите немаат природни непријатели, и нема животно што претставува опасност за возрасен слон. Главниот ризик за слоновите се луѓето
- Сурлата на слонот може да биде долга до 2 метри и тешка 14 килограми. Иако нема коски, таа се состои од огромен број на мускули – некои научници веруваат дека има над 100.000.
- Слоновите можат да пливаат, а сурлата ја користат за дишење во длабока вода.
- Слоновите се тревопасни животни и можат да поминат до 16 часа дневно во собирање на лисја, гранчиња, бамбус и корења.
- Слоновите им помагаат на другарите во неволја. Тие никогаш не го оставаат пријателот на цедило.
- Дуња и Даела се најдобри другарки веќе многу години. Научени се заедно да живеат и заедно да делат и добро и лошо. Во Скопје доаѓаат да живеат мирен живот во пензија.
- Азиската слоница Дуња има 49 години и е најголемата слоница од нејзиниот вид во Европа
- Просечниот животен век на овие животни е од 50 до 70 години. Најстариот слон живеел 82 години
- Слоновите имаат и најголем мозок од сите копнени животински видови. Тој тежи над 5 килограми. На овие животни им се припишува широка палета чувства и интелигентни однесувања. Такви се: тагата, сочувството, самосвеста, уметничките способности, реагирање на музика, алтруизам, игра
- слоновите можат да комуницираат на големи растојанија со помош на произведување на „суб – сонични” звуци кои ги прават со стапалата и кои можат да патуваат многу побрзо низ земјата отколку низ воздухот. Слоновите за кои е наменета пораката истата ја добиваат преку осетливата кожа на стапалата.
- Денес на територијата на Африка и Азија постојат од околу 450.000 до 700.000 Африкански слонови и околу 35.000 до 40.000 Азиски слонови.
- Секојдневно во светот се убиваат околу 100 слонови. Во просек, на секои 15 минути умира по еден слон. Ако вака продолжи суровста на луѓето, слоновите би исчезнале како вид за 20 години.
- И на територијата на Македонија порано живееле праисториски слонови. На неколку локалитети се пронајдени фосили, а последните остатоци од изумрен вид на слон беа пронајдени во близина на Неготино.