Како што се ближат најтоплите денови, долгата и пуштена коса на +35 е навистина непрактична колку и да изгледа убаво.
Иако фризерот веднаш ќе ви предложи да ја скратите, тоа не е секогаш решение, особено ако сте ја негувале и сте се труделе да ја пораснете подолго време.
За среќа, познатите девојки и манекенки неодамна создадоа еден тренд кој ни е одамна познат, но сега се врати во мода. Станува збор за високо подигнатото репче, украсен со голема свилена трака. Освен што изгледа елегантно и секоја ваша комбинација ја подига на повисоко ниво, ова е и одличен избор за на плажа. Косата нема да ви смета, а ќе изгледате шик и заводливо.