Категории

На 5 октомври: Ѕвезденото небо за Тоше одново ќе блесне со негова нова песна – „Light the flame“

И годинава фан клубот на прерано замината македонска музичка легенда Тоше Проески,  на 5 октомври во Скопје на Плоштадот Македонија ќе го организира настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, на кој ќе биде претставена нова, необјавена песна „Light the flame“, како најава за новиот албум кој ќе биде издаден наскоро.

Како што велат од Фан клубот ова е голема чест за нив што семејтвото на Тоше и Фондацијата која го носи неговото име им дозволиле на фановите на овој начин први да ја промовираат песната и се многу благодарни за тоа.

Десетгодишнината од смртта на нашата најголема музичка ѕвезда пак, на 16 октомври, под покровителство на Фондацијата „Тоше Проески“ ќе биде одбележана меѓудругото и со  објавување на уште една негова нова песна –  „Secret place“ за која веќе се снима и видео спот.

Точниот датум на издавање на новиот албум се’ уште не е прецизиран, но со сигурност се знае дека тој е веќе во подготовка. Фондацијата Тоше Проески неколкупати промовираше нови, необјавени песни на Тоше, но како што велат материјал има уште, па во иднина можеме да очекуваме уште необјавени песни од нашиот ангел.

Вистина.мк

Прегледи:
407
Објавено на:
25.09.2017