Категории

Овие фотографии покажуваат дека преовладувал мајчинскиот инстинкт на Кајли Џенер

Најмалата сестра во семејството Кардашјан, Кајли Џенер, до пред неколку месеци беше кралица на Инстаграм со голи фотографии. Откако се породи, таа е сосема друга личност во која преовладува мајчинскиот инстинкт.

Кајли се породи на 1 февруари оваа година. На неколку дена по породувањето, таа објави фотографија од својата ќерка и откри дека ќе се вика Сторми Вебстер.

Сторми наполни 1 месец на 1-ви март и по тој повод Кајли сподели две фотки од нив заедно. Двете фотографии сами по себе кажуваат дека преовладувал нејзиниот мајчински инстинкт.