Епицентарот на земјотресот е на 3 километри од Црешево, односно 6 километри од Арачиново.
Новиот земјотрес кој доцна вечерва го стресе скопското подрачје е со јачина од 3 степени по Рихтер.
Ова е прв поголем потрес денеска, откако утрово единствено беше забележан земјотрес од 1,5 степени во 8 часот и 11 минути.