Категории

Светската маркетинг елита доаѓа на Бизнис Кафе Македонија

Овој четврток со почеток од 18:00 часот во Нола Ланџ-Бар (нас. Капиштец) во Скопје, ќе се одржи новото, 19-то по ред, издание на водечкиот бизнис-нетворкинг настан Бизнис Кафе Македонија.

Посетителите ќе имаат можност и привилегија да се дружат со некои од најистакнатите светски маркетинг и бизнис професионалци, кои во соработка со агенцијата P World, доаѓаат и како гости на Бизнис Кафе Македонија.

Говорници на настанот ќе бидат:

 Г-дин Патрик Џефсон, основач на консултанската компанија за комуникации, репутација и протокол Jephson-Beaman LLC од Вашингтон со клиенти како Ferrari, Harrods, Министерството за одбрана на Велика Британија и др. Џефсон осум години ја извршувал и функцијата на Генерален секретар на принцезата Дијана ;

Г-ѓа Мери Џо Џејкоби, поранешен претседателски советник и глобален експерт за репутација со работно искуство во водење на компании како: BP America, Royal Dutch Shell, Lethman Brothers, HSBC и др. ;

Посетителите ќе имаат можност да се дружат и да го слушнат и Г-дин Лазар Џамиќ, доскорашен директор на брендот за планирање на маркетинг агенцијата на Google , Google ZOO, еден од најбараните светски говорници-експерти за дигитални комуникации; како и

Г-дин Коста Петров, автор на повеќе најпродавани книги во Македонија и основач и директор на агенцијата P World, светски лидер во организирање на ексклузивни бизнис настани.

Главни покровители на 19-тото Бизнис Кафе Македонија се: КД Фондови, Property Alliance – City Investment Group  и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Карти за настанот по цена од 300 денари може да се купат во целата мрежа на “Купи Карти За Се“,  online на следниов ЛИНК, или на фактура со претходна резервација на следнава e-mail адреса: [email protected] .

Прегледи:
474
Објавено на:
27.09.2016