Категории

„Вљубен сум во неа откога имав 22 години“: Слатката исповед на Дрејк за Ријана на MTV VMA

Дрејк имаше задача да ѝ ја врачи на Ријана наградата „Мајкл Џексон“ на MTV VMA.

Во својот сладок говор, 29-годишниот рапер и продуцент раскажа како ја запознал Ријана и призна пред светот дека е вљубен во неа од својата 22-ра година. „Таа е личноста во која сум вљубен откога имав 22 години“ – рече Дрејк, кој додаде и дека Ријана е меѓу ретките изведувачи кои по славата останале она што биле на своите почетоци.

„Таа е жива легенда во нашата индустрија“ – изјави славниот музичар.

При врачувањето на наградата, Дрејк нежно ја бакна Ријана и доби громогласен аплауз и овации од присутните.

Во јавноста долго време се шпекулира дека Дрејк и Ријана се во врска, но двете музички ѕвезди не ги имаат потврдено овие гласини.

Погледнете видео и фотографии:

Видео од говорот на Ријана

Прегледи:
379
Објавено на:
29.08.2016