Категории

Зошто зборуваме, триеме заби и сексуално се возбудуваме додека сонуваме?

Процесот на транзиција од јаве во сон, е многу сличен на оној кога телото починува. Мозокот понекогаш не може да ги разликува тие два процеса, па праќа сигнали на мускулите да се движат, со цел да знае дали сме заспале само за една ноќ или засекогаш. Речиси на сите ни се случува ова. Спиењето е едно од најголемите мистерии кои ги мачи научниците со децении. Што правиме несвесно за време на сонот?

Шкрипиме со забите

Веројатно ова е најнепријатниот ноќен звук за оние кои спијат со личности кои крцкаат со забите поради одреден стрес или анксиозност. Бруксизмот, односно шкрипењето со забите е проблем кој повремено се јавува кај некои луѓе. Ако личноста подолг период шкрипи со забите, може да доведе до оштетување на забите.

Ноќно зборување

Некои луѓе толку многу зборуваат, што тоа го прават дури и во сон. Тоа се случува поради неблокираниот центар за говор за време на сонот при преминувањето од една фаза во друга, па мозокот не го блокира говорот на време, како што се случува најчесто. Но, зборувањето е можно и кога личноста е во полусон. Можете да ја прашате многу работи и да разговарате со неа, а кога ќе се разбуди воопшто да не се сеќава на разговорот.

Сексуално возбудување

Кога на мажите им се заситува крвта со кислород, добиваат ерекција. Тоа често се случува за време на сонот, поради што чести се и ерекциите. Сексуалното возбудување за време на сонот е сосема нормално и кај жените. Еротските соништа ги возбудуваат жените, а тоа доаѓа поради  лачењето хормони.

Прегледи:
416
Објавено на:
23.06.2016