Совршената роматична комедија – како When Harry Met Sally или The Apartment, е супер за гледање. Хемијата е опиплива, секоја реченица има смисла, и има доволно реализам за да ве заведе да ја гледате со исчекување на последната сцена. Срцето ви чука посилно, очите ви се насолзуваат и сфаќате дека имате глупава среќна насмевка на лицето кога девојката ќе го добие момчето на соништата. Така некако би требало да изгледа љубовта прикажана на малите екрани.
Но тука се и другите романтични комедии. Нивниот допир со реалноста е речиси непостоечки. Нивната порака звучи нешто како: најдете некого, најдете кого било. Дури и ако ве изневери со најдобрата другарка, преминете преку тоа, направете компромис со самите себе. Ако тоа треба да биде љубов, не благодарам.
Како што наближува Денот на вљубените, ги потсетуваме оние коишто се сингл дека има милион работи полоши од тоа да бидеш соло. Може да заглавиш со лош мачо фраер, да бидеш со некого од сосема погрешни причини и ред други ужасни изговори од врски, прикажани во овие романтични комедии.
Down to You (2000)
Ал обидува да изврши самоубиство пиејќи шише шампон откако ќе раскине со Имоџен.
On the Line (2001)
Следењето на случајна девојка која си ја видел во воз не те прави роматичен туку демнач.
Kate & Leopold (2001)
Љубовниот живот во Њујорк е толку лош што треба да се појави момче од 1876 година за да ти го привлече вниманието?
Monster-in-Law (2005)
Џејн Фонда и Ванда Сикс се единствените актери помеѓу кои има хемија во овој филм.
Failure to Launch (2006)
Таа е истрауматизирана од минатата врска со маж кој се уште живеел со родителите. Тој се уште живее со родителите бидејќи е уништен после смртта на неговата сопруга. Колку супер пар!
Did You Hear About the Morgans? (2009)
Бидејќи просведочуваат убиство мораат да се кријат во ранч со „обични“ луѓе, што е супер бидејќи само така можеа да го спасат бракот.
Bride Wars (2009)
Според овој филм невестите се луди по дефиниција, па ако до сега сакавте некогаш да се омажите, после филмот веќе нема.
Confessions of a Shopaholic (2009)
Ребека никако немаше да може да си го плати долгот ако момчето од нејзините соништа не го купеше нејзиниот шал на аукцијата. Каква случајност!
Ghosts of Girlfriends Past (2009)
Конор бил тотален кретен кон Џени, но сепак некако успева повторно да ја освои. Супер поучна приказна.
All About Steve (2009)
Вистинска реплика од филмот: „Ако сакаш некого, пушти го да си оди; ако мораш да го демнеш, веројатно не бил за тебе.“
The Switch (2010)
Наводно тајно да ја замениш спермата на твојот другар со својата за тајно да ја оплодиш девојката која ти се допаѓа е одличен стар на врска.
Killers (2010)
Ајде сите да направиме Џен да се чувствува лошо затоа што е здодевна сопруга.
When in Rome (2010)
Ник се вљубува во Бет, но таа е убедена дека се работи за љубовна магија. Ма ајде, кој уште верува во тоа.
The Back-up Plan (2010)
Секоја романтична комедија која започнува со жена која со копнеж гледа во сите бебиња што ќе и искочат на патот е лоша инвестиција на време
Just Go With It (2011)
Се надеваме дека после филмот Никол Кидман му дала отказ на агентот.
Baggage Claim (2013)
Овој филм, каде Монтана ги гони сите поранешни момци откако нејзината сестра ќе се сврши, ги третира луѓето кои се сингл како Зика вирус.
Bounce (2000)
Секој филм со Бен Афлек и Гвинет Палтроу во кој има толку многу „вистина“ и драматични моменти вреди да се скокне.
What Happens in Vegas (2008)
Зошто воопшто прават филмови со вакви тотално невозможни приказни? Кој ли ги смислува?
Something Borrowed (2011)
Зарем треба да навиваме за Рејчел да го украде момчето на Дарси затоа што била премногу несигурна прва да му пријде? Мффф.
The Rebound (2009)
Сенди го преболува разводот мувајќи се со 15 години помладо момче. Разлика во години нема да ја убие врската, туку недостатокот на хемија со Арам. Прескокнете го филмот и наместо него гледајте многу посочна француска верзија Bright Days Ahead.