Категории

20 најмоќни мотивациони цитати: Овие совети ќе ви го променат животот од корен

За среќа навистина не е потребно многу, колку побргу го сфатиме тоа, толку подобро, затоа овие 20 мудрости треба да ги запомниме:

1. „Верувајте дека нешто можете да направите и веќе сте на половина пат до својата цел“ – Теодор Рузвелт

2. „Никогаш не е доцна да станете она што сте можеле да бидете“ – Џорџ Елиот

3. „Најдобар начин нешто да започнете е да престанете да зборувате за тоа и да се фатите за работа“- Волт Дизни

4. „Дваесет години од сега ќе бидеш повеќе разочаран од нештата кои не си ги направил, отколку од оние кои си ги направил“ – Марк Твен

5. „Земи една идеја. Направи ја таа идеја свој живот – размислувај за неа, сонувај за неа, живеј по неа. Пушти го мозокот, мускулите, нервите, секој ден од твоето тело да се исполни со таа идеја и остави ја секоја друга идеја на мира. Ова е патот кон успехот.“ – Свами Вивеканнда

6. „Однесувај се како да си среќен и ќе станеш посреќен“ – Даниел Карнеги

7. „Не дозволувај стравот од губиток да биде поголем од возбудата за победа.“ – Роберт Киосаки

8. „Почитувајте го својот труд, почитувајте се себеси. Самопочитувањето доведува до самодисциплина, а кога  ги имате овие две – имате и моќ“ – Клинт Иствуд

9. „Ако се молите за дожд, мора да знаете да се соочите и со калта – она што е нејзин составен дел. Сепак, повеќе би се плашел да не ги искористам сите можности и способности кои ми се дадени, повеќе би се плашел од одолговлекувањето и мрзеливоста.“ – Дензел Вашингтон

10. „Надминете го мислењето дека треба да бидете просечни – тоа ве спречува да бидете извонредни“ – Ута Хаген

11. „Ако не сум добра кон себе, како можам да очекувам дека другите ќе бидат добри кон мене?“ – Маја Ангелоу

12. „Стравот постои само во вашиот ум, на ниедно друго место.“ – Даниел Карнеги

13. „Сега кога имам 70 години, она што би ја посоветувала младата јас е почесто да изговара „изгуби се“. – Хелен Мирен

14. „Никогаш не го гаѓај човек со кал. До него можеби нема да одлета, а на твоите раце ќе остане“ – Дороти Паркер

15. „Ако ти кажат дека твојот воз поминал, запомни дека има и авиони и бродови“

16. „Запомни: добрите работи почнуваат да се случуваат кога ќе се оддалечиш од негативни луѓе.“

17. „Никогаш не се врти наназад – таму е сѐ без промени.“

18. „Наместо да бришеш солзи од лицето – избриши ги луѓето од твојот живот кои те натерале да плачеш. Не дозволувај постапките на другите луѓе да го уништат твојот внатрешен мир.“

19. „Двата најважни денови во вашиот живот се денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени“- Марк Твен

20. „Запомнете дека тоа што некогаш не го добивате она што го сакате може да биде голема среќа.“ – Далај Лама

Прегледи:
2557
Објавено на:
12.10.2021