Категории

20 нетрадиционални венчаници за невестите кои сакаат нешто поразлично

Трендовите доаѓаат и си одат, како во секојдневието така и во модата за венчавки.


Денес, ќе се фокусираме конкретно на венчаници. Меѓутоа, ако прво ви паѓа на памет класичен бел фустан, ние мора да ви кажеме дека сега нема да го најдете тука. Зошто? Затоа што во последните неколку сезони се појави тренд кој диктира малку поинаков, нетрадиционален стил кој и овозможува на секоја идна невеста да избере фустан токму според нејзиниот вкус. Во такви дизајни, невестите ќе можат целосно да го истакнат својот карактер и стил во кој се чувствуваат удобно.

Денес можете да инвестирате во фустан што воопшто не е венчаница, а со тоа да заштедите многу пари. Од друга страна, можете да купите (или изнајмите) фустан што ја носи етикетата на венчаница, но што не потсетува на оние креации во кои сме навикнати да ги гледаме невестите пред олтарот.

Инспирирани од овој тренд, сакавме да собереме повеќе фустани на едно место, така што ќе ве натераме да излезете од секое правило и да одберете фустан со кој ќе се заљубивте на прв поглед – без разлика дали станува збор за венчаница или не. Уживајте!