Категории

20 нови брутални вистини кои е потребно да ги слушнете

Неодамна објавивме статија за 20 вистини кои е потребно да ги слушнетеСоочувањето со реалноста е најдобар начин да останеме приземјени и скромни, и некогаш мора да ги погледнеме некои работи во очи и да се согласиме. 

Ова се 20 нови универзални, брутални вистини со кои е добро да се соочите:

1. Само затоа што некој Ви е роднина, не значи дека е добра личност. Она „крвта не е вода“ е глупава измислица наменета да оправдува токсично однесување на некои луѓе, и колку побрзо го сфатите тоа, толку побрзо ќе разберете дека не секој што ви е роднина, инхерентно е добра личност.

2. Животот е полесен за убавите луѓе.

3. Можно е да направите нула грешки, и повторно да изгубите во одредена работа.

4. Не треба 100% од времето да им верувате на сопствените мисли.

5. Никој не сака да Ви ја слуша музиката во јавност. Ставете слушалки.

4 Podcasts to Inform and Inspire – Baton Rouge Career Center

6. Вакцините не предизвикуваат аутизам, ни па се штетни на било кој начин. Штетно е размислувањето на овој начин, бидејќи може да донесе до сериозни мутирања на вируси и загрозување на групниот имунитет помеѓу луѓето.

7. Сите се дволични за некоја одредена работа.

8. Можеби мислите дека Вашето дете е посебно, но многу поголема е веројатноста тоа да е просечно (и тука нема ништо лошо – прекинете да форсирате наметнат перфекционизам)

9. Ако не сте гласале, а сте имале можност, немате право да се буните за избраните кандидати!

10. Во ред е некогаш да сте себични. Но, во ред е и да сфатите дека други луѓе сакаат понекогаш да бидат себични.

Ways to Avoid Stress Eating During the Holidays

11. Месната индустрија е една од најголемите загадувачи на светот, веднаш по текстилната индустрија. Така што, да, себични сте ако јадете месо.

12. Поврзано со претходното – себично е и поддржување на брендови за брза мода и бидување „шопингхоличари“, колку и Кери Бредшо да ни го има тоа продадено како фенси и луксузна идеа.

13. Во ред е да сте околу луѓе кои ви ги предзвикуваат гледиштата. Може да промените гледиштата кон подобро.

14. Само затоа што сте погрешиле во минатото, не значи дека сега не смеете да зборувате против такви акции. Тоа значи дека сте пораснале, сте увиделе дека тоа е погрешно и дека пробувате да направите промена кон подобро.

15. Луѓето не мислат на Вас ни приближно толку колку што мислите дека мислат.
Thinking Is Hard Work, Don't Let Someone Else Do It for You

16. Ако се чувствувате како секогаш да треба да се борите за нивното внимание, веројатно треба да ги пуштите. Ова важи и за романтични и за платонски врски.

17. Некои луѓе никогаш нема да најдат траен партнер, но тоа е сосема во ред.

18. Љубовта сама по себе не е доволна да направи една врска да трае.

19. Само затоа што нешто работите подолго од некого друг, не значи дека сте подобри во таа работа.

20. Зачудувачки многу луѓе, прават нешто поради мода и/или внимание, а не бидејќи навистина го сакаат или веруваат во тоа.

Прегледи:
733
Објавено на:
01.10.2020